Линкови за пристапност

Нема показатели дека кафеинот е штетен


Двете студии покажуваат дека дури и лицата кои консумираат пијалоци со кафеин во литарски износ, немаат проблеми со срцето.

Во комбинираните истражувања, што опфаќаат 128.000 лица во период од 14 до 20 години, се водела евиденција колку кафе пијат испитаниците, какво кафе, и дали имале срцеви проблеми. Истражувањата покажале дека дури и конзумирање на шест филџани кафе дневно не предизвикува срцеви заболувања.

Меѓутоа, тоа не значи дека кафеинот е добар за вашето здравје, вели д-р Патриша Дејвидсон од Болничкиот центар Вашингтон: „Кафеинот во суштина не е добра супстанција и не треба да се конзумира во големи количини. Сосема друга работа е што не сме нашле и не можеме да прецизираме нешто навистина лошо за кафеинот во овие долгогодишни истражувања“.

Според новите студии, конзумирањето на кафеин не влијае ниту на нивоата на таканаречните „добар“ и „лош“ холестерол. Научниците подвлекуваат дека овие резултати не се однесуваат на кафето подготвено без хартиен филтер.

За да бидете сигурни дека не си наштетувате на здравјето, нагласува д-р Дејвидсон, пијте кафе во умерени количини.

XS
SM
MD
LG