Линкови за пристапност

Што ги мотивира терористите?


Тактики на терор биле користени од лица со различни убедувања и потекло. Следниот прилог зборува за тоа што ги мотивира терористите.

Независно од причините – дали се рационални или нерационални, политички, економски, религиозни ли лични – експертот за тероризам Брус Хофман од Корпорацијата РАНД, вели дека оние кои се вклучени во терористички акти веруваат дека немаат алтернатива:

„Тоа станува оправдување или рационализација на насилството. Честопати врзани за ова убедување, ја делат сатисфакцијата која ја чувствуваат на Давид против Голијат, послабиот го возвраќа ударот на помоќниот.“

Општоприфатена перцепција за терористот е сиромашен и необразован поединец чии постапки се раководени од очај. Но, Црвените бригади, кои ја тероризираа Италија во 1970-тите и 80-тите се пример на организација создадена од едуцирани припадници на средната класа. Професорот Бард О Нил, директор на студиите за бунтовништво при Националниот воен колеџ во Вашингтон, вели дека друга таква група е Ал-Каида:

„Тоа се луѓе кои трагаат по чувство на идентитет, чувство на почит, бараат начин да одговорат на понижување, тоа се работи кои ги мотивираат, а не сиромаштијата.“

Уште една мотивирачка сила за извршување терористички акти е религијата. Брус Хофман вели дека исламистичките терористичките организации кои регрутираат членови кои сакаат да умрат, го редефинираат само-уништувањето како социјално добро. Бомбашот е награден со влез во рајот, но треба да се спомене дека и нивните семејства потоа се добро згрижени.

XS
SM
MD
LG