Линкови за пристапност

Дали Ел Барадеј ќе успее да го убеди Иран да се откаже од нуклеарните активности?


Шефот на меѓународната агенција зa атомска енергија Мохамед Ел Барадеј по разговорите со ирански официјални лица не наиде на разбирање, иако ги повика да го суспендираат процесот со збогатување ураниум.

Техеран се заложи дека ќе продолжи со нуклеарните активности. САД предупредија дека Иран може да се соочи со санкции од ОН поради непочитување на резолуциите на Советот за безбедност.

Раководителот на Агенцијата Мохамед Ел Барадеј е во Техеран на средби со високи ирански претставници – но вели – се уште не може да потврди дали Иран го постигнал тоа што го вели – збогатување на ураниумот до степен за употреба во нуклеарни централи.

"Иако многу е чувствително, јас не мислам дека прашањето на збогатување е толку итно. Имаме време да преговараме. "

Појавувајќи се со канадскиот министер за надворешни работи Питер Мек Кеј во Вашингтон американскиот државен секретар Кондолиза Рајс кажа дека САД планираат да ги прегледаат сите опции што се пред Советот за безбедност.

Во исто време помошникот државен секретар Николас Брнс го предупреди Техеран дека постои широка меѓународна коалиција која не сака Иран да развие нуклеарно оружје.

"Сите ние веруваме дека Иран не ја кажа вистината. Сите ние веруваме дека Советот за безбедност на ОН има право да реагира. И мислам дека стратешката позиција на Иран е многу поизолирана денеска отколку минатата година ова време. Затоа, ако ирански владини претставници веруваат дека со изјавата на нивниот претседател се поставил шах-мат, нека ги проучат правилата на играта уште еднаш. "

Во обид да се амортизира тензијата со Иран во врска со нивните нуклеарни амбиции, Кина објави дека испраќа висок пратеник во Русија и Иран – на разговори во врска со проблемот.

XS
SM
MD
LG