Линкови за пристапност

Махмуд Ахмадинеџад: Успешно изведено збогатување на ураниумот во Иран 


Според раководителот на организацијата за атомска енергија, пилот-централата за збогатување на ураниум во Натанц започнала со процесирање на ураниум во 164 центрифуги. Голамреза Агхазадех кажа дека 3.000 центрифуги ќе бидат оперативни до следниот март.

Иран ги затвори центрифугите во 2003, додека преговараше со Британија, Франција и Германија во врска со судбината на неговата нуклеарна програма. Техеран започна со реактивирање на центрифугите порано годинава по пропаѓањето на разговорите со Европејците.

Белата куќа вели дека Иран се движи во погрешна насока со своите нуклеарни активности, а портпаролот Скот Меклилан рече дека администрацијата на претседателот Буш ќе расправа за прашањето со Советот за безбедност на ОН.

Советот за безбедност, кој ја ревидира иранската нуклеарна програма, веќе има побарано од Техеран да ги суспендира активностите на збогатување до 28-ми април. Но Иран го отфрли барањето велејќи дека има право да го збогатува ураниумот за мирнодопски цели.

Раководителот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед ЕлБарадеј кон крајот на неделава ќе го посети Иран, а потоа треба да го брифира Советот за безбедност за иранските нуклеарни активности.

XS
SM
MD
LG