Линкови за пристапност

Интервју со Роберт Хенд, Хелсиншка комисија на САД


Претстојните избори во Македонија се исклучително битни. Македонија не може да си дозволи да не спроведе избори согласно меѓународните стандарди. Не може да чекате на следните избори за да ги поправите работите. Тоа треба да се случи на овие избори.

Од изборите ќе зависи дали Македонија може да се надева на брз старт на преговори за членство во ЕУ, вели Хенд. Дали ќе преставува лош сигнал ако на аспирантите за влез во ЕУ им се понуди привилегирано партнерство како замена за полноправно членство, идеја што ја промовираат некои членки:

Навистина ќе биде лош сигнал. Ако земјата тежнее кон членство во ЕУ и покажува дека ќе биде добра членка, која ќе придонесува во заедницата, нема причина зошто ЕУ да не гледа на неа како на полноправен член.

Хенд смета дека тоа зависи и од односите во самата Унија и нејзината способност за проширување, како и од искуството со членството на Бугарија и Романија – како ќе ги апсорбира Унијата и кои грешки и пропусти можеби самите ги имаат направено во процесот на зачленување. Па сепак, тој смета дека Македонија конкретно треба да се фокусира на спроведување на законите, но и да одржи фер избори.

Хенд не верува дека зоната на балканска трговска унија е замена за јасна интеграција на регионот во ЕУ. Регионалната соработка е добра за сите и не мислам дека ќе значи крај на надежите на секоја земја да стане дел од ЕУ, смета тој, и додава дека таквата зона само подобро ќе го подготви регионот за влез во ЕУ.

Хенд го повтори истото и за аспирациите на Македонија и нејзините очекувања од Самитот на НАТО во Рига. - Самитот не е толку круцијален за иднината на Македонија во НАТО – но без оглед на тоа, продолжете по зацртаното и спроведете фер и регуларни избори, порача Хенд.

XS
SM
MD
LG