Линкови за пристапност

Секретарот за домашна безбедност Мајкл Чертоф ја повикува Јапонија да ја интензивира проверката на поморските карго пратки


Мајкл Чертоф вели дека сака главните трговски партнери како Кина и Јапонија на пристаништата да инсталираат софистицирана опрема со чија помош ќе се врши проверка на карго пратките наменети за САД, за откривање радијација, биолошки и други опасни материјали.

По средбата со високи јапонски претставници, вклучувајќи ги министрите за надворешни работи и транспорт, Чертоф изјави дека на Кинезите ќе им ја пренесе истата порака што ја изложил и пред Јапонците, дека засилениот мониторинг на карго пратките, нема за цел само да ја зголеми американската безбедност.

„Во интерес е и на Кина, како и наш, да обезбедиме дека синџирот на набавки е безбеден. Сметам дека на сите ни е познато дека доколку некој контејнер би се искористил за пренесување на радиоактивна бомба или нешто слично во САД, освен катастрофалните последици во Америка, ќе има уништувачко дејство и на поморската трговија. Ова е опасно бидејќи ќе има вистинска контра реакција“.

На загриженоста на некои компании дека дополнителните проверки ќе ја забават испораката, секретарот Чертоф вели дека напротив, оние пристаништа што ќе се вклучат во иницијативата, ќе добијат приоритет во прифаќање на нивните испораки така што нивната стока побрзо ќе стигнува до крајната дестинација.

По Јапонија, г-динот Чертоф заминува за Сингапур, по што следуваат Хонконг и Пекинг. Во Пекинг тој ќе се обиде да ја зголеми соработката меѓу двете влади за репатријација на илегалните кинески имигранти во САД и за елиминирањето на криминалните организации одговорни за нивно шверцување преку Пацификот.

XS
SM
MD
LG