Линкови за пристапност

Генералниот секретар на НАТО во Вашингтон: Секое мешање во процесот за конечниот статус на Косово само ќе одмогне


Да му дозволиме на Марти Ахтисари да си врши работата. За Албанија, би рекол исто. Да им дозволиме на земјите кои имаат аспирации за влез во НАТО да продолжат со работата и да ги спроведуваат неопходните реформи. Станувањето член на НАТО не е автоматски процес. Тоа треба да се заслужи. За преговорите околу Косово и изјавата на албанскиот шеф на дипломатијата Мустафај, генералниот секретар на НАТО Шефер со порака:

„Секое мешање во процесот за конечниот статус на Косово само ќе одмогне. Да му дозволиме на Ахтисари да си за врши работата.“

Прашан за очекувањата на Македонија од Самитот во Рига и евентуално добивање конкретен сигнал Шефер одбегна да одговори. Сепак, тој порача каде Алијансата ќе го фокусира вниманието – успешни избори во Македонија:

„Вашата земја има напревено многу напредок. Очекуваме претсјоните избори да бидат беспрекорни. Би рекол 110 отсто - слободни и фер. Таква позиција треба да имаат сите членки на НАТО.“

НАТО во моментов има 70.000 припадници на Косово. Безбедноста на регионот останува приоритет за Алијансата и во годините што следуваат, истакна Шефер во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG