Линкови за пристапност

Американски реакции за смртта на Слободан Милошевиќ


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс смета дека ќе беше подобро доколку Хашкиот суд донесеше пресуда во случајот против Милошевиќ, но, како што кажа, конечната пресуда на историјата е веќе јасна – дека тој долго време беше една од најзлонамерните сили во Европа. Милошевиќ е несомнено одговорен за смртта на многу луѓе во судирите на Балканот, за распадот на Југославија како и за долгогодишна изолација на делови од Југославија од меѓународната заедница, им кажа Рајс на новинарите. Таа додаде дека сепак, се случуваат добри работи во ерата по Милошевиќ и дека САД сакаат подобра иднина за луѓето во Србија-Црна Гора, поради што соработуваат со нив на тоа како и на доброволната европска интеграција.

Поранешниот претседател Бил Клинтон реагираше со изјава во која потсетува дека САД беа на чело на коалицијата која ја запре милошевиќевата кампања на етничко чистење во Босна и на Косово. Тој изрази жалење што судењето нема да биде завршено, но затоа додава дека апсењето и процесот против Милошевиќ служат како потсетник дека не постои толеранција за злосторства против човештвото.

XS
SM
MD
LG