Линкови за пристапност

Продолжуваат разговорите во Меѓународната агенција за атомска енергија


Русија продолжува со напорите да посредува во проблемот меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија. Еден од плановите е Иран да врши збогатување на ураниум во Русија, со што би се намалиле шансите дека Техеран тајно ќе создава нуклеарно оружје.

Американскиот потпретседател Дик Чејни рече дека иранската влада продолжува да му пркоси на светот со нуклеарните амбиции и дека ќе биде спречена да развие нуклеарно оружје. Тој кажа дека прашањето наскоро може да биде предадено во Советот за безбедност на ОН. „Иранскиот режим треба да знае доколку остане на сегашниот курс, меѓународната заедница е подготвена да преземе мерки со значителни последици“, кажа тој, додавајќи дека САД ги држат на маса отворени сите опции за справување со неодговорното однесување на иранскиот режим. „Им се приклучуваме на останатите нации во испраќање јасна порака до режимот: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје“, рече господинот Чејни.

Меѓународната агенција за атомска енергија се надева дека Иран ќе попушти со што ќе биде избегната акција од Советот за безбедност на ОН.

Но, Метју Боланд, портпарол на американската мисија во Агенцијата, за Гласот на Америка изјави дека нема такви индикации. „На 4-ти февруари Меѓународната агенција за атомска енергија поднесе извештај за Иран во Советот за безбедност“, кажа портпаролот, 2во кој беа наведени мерки што Агенцијата ги побара од Иран за да потврди дека нуклеарната програма е за мирољубиви цели. Во извештајот јасно стои дека Иран не презел такви мерки“.

Вашингтон бара Иран да ги замрзне сите активности на збогатување на нуклеарен материјал на своја територија и да им ги предаде чувствителните документи на оваа тема на Агенцијата.

Техеран, пак, вели дека има право на нуклеарна технологија и дека програмата е за мирнодопски потреби. Средбата на извршното тело на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена се очекува да трае до крајот на неделата.

XS
SM
MD
LG