Линкови за пристапност

САД и Русија со заеднички став за Иран


На прес-конференцијата во Вашингтон, Рајс и Лавров го поддржаа рускиот компромисен предлог за создавање на објект за нуклеарно гориво за техеранските реактори на руска територија.

Сепак, руските разговори со Иран по предлогот бележат мал напредок.

Рускиот министер за надворешни работи исто така се сретна со претседателот Буш и подоцна на новинарите им кажа дека разговарале за напорите да се обезбедат резервите на нуклеарен материјал и за борбата против тероризмот.

Лавров исто така кажа дека господинот Буш продолжува да го поддржува финализирањето на разговорите со Русија во врска со нејзината кандидатура за членство во Светската трговска организација.

XS
SM
MD
LG