Линкови за пристапност

Рајс: “Хамас мора да избере меѓу тероризмот и политиката ако сака успешно да раководи со палестинската влада”


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ова ги изјави во Каиро по средбата со египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Абул Геит на почетокот на блискоисточната турнеја чија цел е да ги убеди владите од арапскиот свет да заземат поцврст став кон палестинската влада на чело со Хамас.

Рајс бара од арапските влади да учествуваат во притисокот врз палестинската исламска група Хамас да се откаже од насилството и да го признае Израел. За време на турнејата таа ќе ги посети и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Нејзиниот египетски колега Абул Геит изрази уверување дека новата палестинска влада ќе ја увиди потребата да работи во насока на мировен договор со Израел.

XS
SM
MD
LG