Линкови за пристапност

Јадранска група:  НАТО посилен сојуз со Македонија, Хрватска и Албанија


Шефовите на дипломатиите на Македонија, Хрватска и Албанија категорични дека актуелните иницијативи се еден од последните чекори на заедничкиот пат кон интеграција во НАТО. Со меѓусебната соработка и американската помош, велат министрите, постои надеж за посилна Алијанса со Македонија, Хрватска и Албанија во своите редови.

„На престојниот Самит во Рига, треба да се разговара и за проширувањето на НАТО. Очекуваме нашите достигнувања и напредокот во исполнувањето на критериумите за членство, да бидат стимулирани со силна политичка порака од Самитот во Рига за покана за членство на наредниот самит за проширување“, истакна македонскиот министер за надворешни работи, Илинка Митрева.

Розмари ди Карло, заменикот-помошник секретар за Европа и Азија во Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, го повтори владиниот став дека вратите на НАТО се отворени. „Се залагаме земјите од западен Балкан да станат членки. Знаеме дека особено Македонија, Хрватска и Албанија во моментов работат мошне напорно на акциониот план за интеграција. Тука сме да помогнеме и за сите престојни реформи, со цел успешно остварување на аспирациите на овие земји во блиска иднина“.

Ди Карло кажа дека Македонија е одличен партнер кој постигнал извонреден напредок. “Пријатели сме и секогаш сакаме да им помогнеме на пријателите. Вашиот успех е и наш успех“, вели таа.

XS
SM
MD
LG