Линкови за пристапност

Васил Тупурковски песимист во врска со Македонија


Тупурковски вели дека во Македонија ќе биде се́ полошо, затоа што нема знаци дека нешто позитивно се случува на економски план, а народот - разочаран заради статус-квото последните 15 години - ќе остане политички пасивен.

Македонија не е успешна приказна како што некои сакаат да ја претстават. Економската криза не е ад-хок, туку константна состојба. Не сме имале подобра економија од 1990-та, и секоја година е полошо, смета првиот човек на Демократската алтернатива.

Иднината е темна, вели Тупурковски. Една од главните карактеристики на животот во Македонија тој ја дефинира како недоверба кај народот дека нешто може нешто да промени.

Во Македонија има култура на корупција, што има фатено длабоки корени, делумно благодарение на владата која самата не е легитимна и смета дека е над законот, а делумно и заради злоупотребата на Македонија од меѓународни мрежи кои ја користат за трговија со луѓе и организиран криминал. Ако оваа држава исчезне, таа ќе исчезне зашто ќе биде изедена од корупцијата, смета Тупурковски.

Тој предвидува дека социјалната криза е сосем извесна, а меѓуетничките односи ги оценува како посебен проблем. Раздвоеноста на Македонците и Албанците никогаш не била поголема, вели Васил Тупурковски.

Ситуацијата со Косово ќе се одрази на животот во Македонија особено што имаме проблем со територијалната поделба, која ги стави Македонците во позиција на малцинство – кажа Тупурковски во Центарот Вудроу Вилсон. Но од друга страна, тој е убеден во извесноста на независно Косово и предвидува дека следниот чекор ќе биде некаков вид унија со Албанија.

Васил Тупурковски кандидатскиот статус на Македонија за ЕУ најблаго речено го смета за чудна творба што во наредните седум до осум години нема да се реализира во полноправно членство.

Еден од условите за влез во ЕУ е реформирање на судството. За бавниот процес на овој план Тупурковски ја обвинува власта.

XS
SM
MD
LG