Линкови за пристапност

Расте бројот на заразени од птичји грип во Турција


Ширум југоисточниот дел на Турција, властите вршат дезинфекција на возила и делат летоци во џамиите, училниците и по улиците, предупреувајќи ги луѓето да не доаѓаат во допир со живина. Засега единствениот начин луѓето да добијат птичји грип е преку директен допир со заразени питици.

Махмут Недим Билгич, човек број два во турската опозициона партија ДИП вели дека се работи за глобално прашање. „Треба да го сопреме грипот пред да се прошири низ светот. Ни треба меѓународна помош“.

Здравствените работници ширум светот се најповеќе загрижени дека вирусот би можел да мутира во форма што би се пренесувала од човек на човек, и тоа лесно, предизвикувајќи пандемија.

Поголемиот дел од случаи во Турција се во источниот дел на земјата, каде стравот се шири побрзо од вирусот. Преку 250 лица се јавиле во болница мислејќи дека имаат грип. Само дел од нив биле хоспитализирани поради веројатност дека дошле во контакт со заразена живина.

Германија, која е најголемиот трговски партнер на Турција, ја засилува граничната контрола со цел да спречи натамошна контаминација. Германскиот министер за земјоделство Хорст Шефер вели дека најголемата опасност е незаконскиот извоз на живина и живинарски продукти. „Затоа е најважно да вршиме контрола на ситуацијата“. Германските погранични органи ќе ги прашуваат луѓето кои влегуваат во Германија, а особено оние од Турција, дали носат живина или живинарски производи.

Растечкиот страв од птичјиот грип предизвика проблеми за германските живинари како Ерхард Милер. „Исхраната на живината сега ме чини поскапо бидејќи морам да им давам минерали кои обично ги внесуваа чепкајќи наоколу, кога ги чувавме надвор“.

Минатата година, германските живинари како превентивна мерка започнаа да ги чуваат грлата на затворено поради опасноста тие да се заразат од птиците-преселници.

XS
SM
MD
LG