Линкови за пристапност

Европската комисија ќе даде 100 милиони долари за борба против птичиот грип


Европската комисија планира да даде 100 милиони долари за да им помогне на земјите да го спречат ширењето на птичјиот грип. Еврокомесарот за надворешни работи Бенита Фереро Валднер денес во Брисел изјави дека помошта ќе биде понудена на конференцијата за птичји грип што ќе се одржи наредната недела во Пекинг. Таа додаде дека никогаш порано една животинска болест не предизвикала ваква глобална закана. Вчера Светската банка соопшти дека издвоила 500 милиони долари помош во борба против грипот.

Светската здравствена организација вели дека примероци од смртоносниот вирус Х5Н1 земен од две починати лица од Турција покажуваат извесна генетска промена на вирусот, што е знак дека тој можеби мутира во човечка форма што би можела да однесе милиони животи.

Од птичјиот грип досега починаа 3 лица во Турција. Во Азија, пак, од 2003-та – наваму, тој однесе 79 животи.

XS
SM
MD
LG