Линкови за пристапност

Стејт департмент: Проширувањето на ЕУ е добар процес за просперитетот на европскиот континент


Шон Меркормак, портпарол на Стејт департментот во врска со одлуката Македонија да добие статус-кандидат на ЕУ, но без одредување датум за почеток на преговори оцени:

Проширувањето на ЕУ што се случуваше изминативе години е одлука на европските власти. САД го поддржуваат тој процес. Сметаме дека тоа е важно за идниот просперитет на европскиот континент, но и од глобален аспект, вклучување на оние земји кои досега не беа дел од Унијата. Сметаме дека силна, проширена ЕУ е добра за Европа и светот.

Запрашан дали се реални очекувањата на македонската влада за добивање датум за почеток на преговори за полноправно членство во 25-члениот евро-блок следната година, портпаролот Меккормак рече дека не е во тек со статусот на актуелните дискусии меѓу Македонија и ЕУ.

XS
SM
MD
LG