Линкови за пристапност

Дали мониторингот на американските државјани е оправдан?


Претставници на администрацијата на претседателот Буш, вклучувајќи го и државниот секретар Кондолиза Рајс и главниот правобранител Алберто Гонзалес, не го потврдуваат ниту порекнуваат извештајот на весникот.

Во текстот се наведува дека претседателот Буш ја овластил Националната агенција за безбедност почнувајќи од 2002-та, да врши мониторинг на меѓународните повици и електронската пошта на стотици, можеби илјадници лица во САД, вклучувајќи и некои американски државјани.

Мониторингот е правен без судска наредба или налог потребни за агенциите за спроведување на закононите да можат да прислушкуваат американски граѓани или други лица кои живеат во САД.

Прислушкувањето било дел од владините напори за идентификација на лицата во земјата со можна врска со терористите.

Вообичаено, Националната агенција за безбедност своите внатрешни мониторинг активности ги ограничува на странски амбасади и мисии.

Портпаролот на Белата куќа, Скот Меклилан истакна дека нема да коментира по разузнавачките прашања, но кажа дека претседателот Буш ги почитува граѓанските слободи, како дел од неговите напори за поголема безбедност во земјата.

Претседателот вети дека ќе стори се што е во негова моќ и согласно законите, да се спречат идни напади и да спасат човечки животи. Особено по нападите од 11 септември 2001, тој ја обнови оваа определба. Тој вети и дека ќе остане цврсто определен да ги заштити граѓанските слободи на Американците, поддржувајќи го нашиот Устав.

Извештајот на Њујорк тајмс предизвика реакција кај активистите за граѓански слободи и некои правни експерти.

Ова е Керолајн Фредриксон од Американскиот синдикат за граѓански слободи, со канцеларија во Вашингтон.

Тоа е гордоста на нашиот Устав, дека го имаме четвртиот амандман со цел спречување на неразумни потраги и напади. Владата треба да мине низ цели процедури кога сака да го користи методот на прислушкување, особено на американски државјани.

Алармирани по текстот во весникот, беа и некои членови на американскиот Конгрес. Републиканецот Арлен Спектер, кој раководи со сенатската комисија за судство, сака да организира распит по прашањето, нарекувајќи ги активностите за мониторинг, несоодветни.

Загриженост пројавија и некои правни експерти во земјата, кои се прашуваат дали користењето на разузнавачка агенција во шпионирање на Американци, е уставно.

Ервин Чемерински е професор по правни и политички науки на Одделот по право при Универзитетот Дјук.

Претседателот наместо да ги следи минималните барања за домашно прислушкување, без преседан овласти таков мониторинг и без притоа да исполни која било од уставните одредби.

Но експерот Рој Годсон од Џорџтаун Универзитетот има поинаков став.

Сигурен сум дека причината поради која владата се интересирала да го прави ова, е за брзо да ги идентификува лицата кои веќе биле идентификувани дека се во контакт со Ал Каида или со други кои можно е да планираат напад врз САД.

Њујорк тајмс вели дека владини претставници веруваат оти мониторингот помогнал во разоткривање на неколку терористички заговори, меѓу кои и еден за напд врз мостот Бруклин во Њујорк.

Во весникот сепак се наведува дека некои владини претставници биле толку загрижени околу легалноста на набљудувачката програма, што одбиле да учествуваат во неа.

XS
SM
MD
LG