Линкови за пристапност

Тајм – лица на годината 2005-та


Тајм ги издвојува напорите на тројцата во борбата против сиормаштијата и подобрувањето на здравјето во светот. Во образложението на одлуката се наведува дека биле избрани поради, цитираме, мудроста да чинат добро и што ја заживеале политиката.

Бил и Мелинда Гејтс со богатството од Мајкрософт покренаа добротворен фонд од 29 милијарди долари. Само годинава тие доделија стотици милиони долари за решавање на најитните здравствени проблеми во светот.

Боно стана познат како пејач на ирската група Ју-Ту, но последниве години тој се залага за простување на долговите на најсиромашните земји и за борба против СИДА-та. Годинава Боно успеа од лидерите на најбогатите земји во светот да издејствува простување на 40 милиони долари долг на најсиромашните земји.

XS
SM
MD
LG