Линкови за пристапност

ЕУ усвои нови мерки за борба против тероризмот, радикализацијата и регрутирањето терористи


Министрите за правда и внатрешни работи на Унијата му дадоа поддршка на планот на Велика Британија, предложен по јулските атентати од Лондон, кој се фокусира на специфични области кои Унијата би сакала да ги хармонизира. Помеѓу нив се превенција на регрутирањето терористи и спречување случаи како оној на Белгијката која откако се омажила ја сменила верата во ислам и извршила самоубиствен атентат на 9 ноември во Ирак. Се предвидуваат контакти со муслиманските организации и верски групи за да се отфрли девијантната верзија на исламот што ја застапуваат Ал Каеда и други групи од тој тип. Понатаму европскиот план предвидува уедначување на заштитата на граѓаните и виталната инфраструктура, судското гонење на терористите и одговорот за минимизирање на последиците од терористички напад. Цел на стратегијата, објасни европскиот анти терористички координатор Гејс Де Врис е пред се превенција на атентати. Шведскиот министер за правда на крајот од средбата изрази жалење што министерската сесија не била отворена за јавноста. Затворените сесии, рече тој, креираат впечаток дека се случува нешто сомнително. Не треба да се извинуваме што се бориме против тероризмот, рече тој, додавајќи дека усвоените методи треба да бидат отворено и јавно бранети.

XS
SM
MD
LG