Кондолиза Рајс смета дека отворањето на преминот Рафах на Палестинците ќе им овозможи да ги контролираат своите граници, како што посакуваат, а Израел ќе ја добие бараната безбедност.
„Ова е голем чекор напред за палестинскиот народ, во ориентацијата кон независност во овој регион. Тие ќе ја имаат контролата од една, а Египќаните од друга страна. Ова ќе биде меѓународна граница, ќе биде потребно присуство на трета страна и секако дека сите посакуваат таа да биде безбедна. Очекувам сите да соработуваат што е можно повеќе.“
Договорот предвидува преминот да биде отворен на 25 ноември, а ја поддржува и иницијативата за изградбата на палестинскo пристаниште во Газа. Израел ја задржа контролата врз границите и воздушниот простор над Појасот Газа откако се повлече од територијата порано годинава.