Линкови за пристапност

Сенатот усвои мерка со која владата се повикува да изложи стратегија за завршување на американската мисија во Ирак


Амандманот беше усвоен со 79 гласови „за“ и 19 „против“ и во него се наведува дека 2006 треба да биде период на транзиција кон целосна ирачка сувереност, како и тоа дека ирачките сили треба да преземат главна улога во обезбедувањето на својата земја. Мерката предвидува владата да дава тримесечни извештаи за политичкиот и воен напредок во Ирак.

Содржината на мерката не е обврзувачка, но затоа го изразува расположението на Сенатот во услови на забележливо незадоволство во јавноста во врска со војната во Ирак.

Сенатот, каде мнозинство се републиканците, го отфрли дополнителниот амандман на демократите со кој претседателот Буш би требало да даде точен временски распоред за повлекување на американските трупи од Ирак. Републиканците тврдат дека овој чекор би ги засилил нападите на ирачките бунтовници.

XS
SM
MD
LG