Соработниците на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс велат дека таа решила да го продолжи својот престој во Блискиот Исток, во обид да издејствува постигнување израелско-палестински договор за повторно отварање на клучен граничен премин во Појасот Газа.
На прес конференцијата по двочасовните разговори со палестинското раководство, г-ца Рајс изјави дека постигнувањето на договорот се наближува и дека тоа треба да се случи со добра волја од обете страни.
Повеќето од прашањата се мошне технички. Некои од нив се и мошне комплицирани, особено во однос на безбедноста, така што не е за изненадување што е потребно време да се разгледаат. Верувам дека со волја и креативност договор може да се постигне, бидејќи договор за тоа како да се подобри слободата на движење за палестинскиот народ е потребен, особено во време по повлекувањето на израелските трупи од Газа.
Израел го затвори граничниот премин Рафах кусо време откако ги повлече своите сили од Газа во септември. На неговото повторно отварање се гледа како на клучен фактор за заживување на палестинската економија.