Линкови за пристапност

Политички и граѓански лидери повикуваат на поагресивен одговор на шверцот со луѓе


Гари Хаген, претседател на Меѓународната мисија за правда, чија цел е промовирање на човековите права, вели дека глобалниот бизнис на шверц со луѓе достигна неверојатни размери. На конференцијата што неодамна се одржа на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, Хаген посочи на статистичките податоци за шверц со луѓе изработени од непрофитната, научна и образовна институција „Национална географија“.

„Национална географија“ проценува дека сите форми на шверц со луѓе, вклучуваат 27 милиони лица жртвни на ропството. Ова е многу повеќе споредено со лицата од Африка за време на 400 години на трансатланска трговија со робови.

Г-динот Хаген вели дека шверцот на лица кои потоа се принудуваат на проституција е најбруталната форма на шверц со луѓе. Според УНИЦЕФ, секоја година околу еден милион нови деца се продадени или регрутирани во овој кримален бизнис.

Сенаторката Хилари Клинтон, демократ од државата Њујорк, вели дека земјите кои замолчуваат на напливот на шверцот со луѓе, се во судир со фундаменталните американски верувања.

„Секоја земја што не ги почитува и третира жените и децата со достоинство е земја која со САД најверојатно ќе имаат проблеми.“

Г-ѓа Клинтон предлага дека трговските договори на САД со другите земји содржат услови преку кои овие земји би можеле да се сметаат за одговорни за спроведување на законите што ги усвоија за областа на шверцот со луѓе.

Сенаторот Сем Браунбек, републиканец од Канзас вели дека меѓународните извештаи за шверц со луѓе, треба да служат како прирачник за постапување.

„Сметам дека овие извештаи за шверц со луѓе се значајни. Доколку земјата е во категорија три или не ги применува законите против шверцот со луѓе две години по ред, треба да биде подложена на одредени санкции.“

Медлин Олбрајт, американскиот државен секретар за време на вториот мандат на администрацијата на Клинтон, вели дека војната против шверцот со луѓе, може да се добие.

„Војната дефинитивно може да се добие, но потребно е навистина да ги здружите силите, за да се случи тоа.“

Г-ѓа Олбрајт додаде дека бројни земји и натаму не обрнуваат големо внимание на законите против шверцот со луѓе што самите ги усвоиле. Земајќи ја предвид транснационаланата природа на овој криминал, Олбрајт подвлекува дека борбата против шверцот со луѓе ќе бара енергични мерки во глобални размери.

XS
SM
MD
LG