Линкови за пристапност

Рејтингот на Претседателот Буш на најниско ниво


Истражувањето спроведено од ABC News и Washington Post донесе резултати на позитивно мислење за тоа како претседателот Буш ја врши работата од само 39 отсто од 600 анкетирани.

И со однос на три спрема еден, прашаните одговориле дека веруваат оти нивото на искреност и етичност во владата паднало во времето на претседателствување на господинот Буш.

На специфично прашање, мнозинството од анкетираните Американци индицирале оти веруваат дека покренувањето обвинение по високиот соработник во Белата Куќа, Луис Либи, сигнализира пошироки етички проблеми во администрацијата на Буш.

За господинот Либи, кој си даде оставка на функцијата шеф на кабинет на потпретседателот во петокот беше покренато обвинение во врска со истрагата што е во тек за јавното откривање на идентитетот на таен оперативен на ЦИА, пред две години.

Зборувајќи на телевизиската програма „Оваа недела“ на телевизијата ABC лидерот на малцинството во сенатот демократот Хари Реид кажа дека наместо да го фали господинот Либи, претседатлеот Буш требало да се извини на нацијата:

"Тој треба да се извини. И потпретседателот треба да се извини. Тие треба да излезат чисти пред американскиот народ“.

Сенаторот Реид исто така го поттикна претседателот да не бара да се пардонира господинот Либи доколку биде најден за виновен.

На истата програма републиканскиот сенатор Џон Корнин кажа дека е прерано да се дискутира за пардонирање зашто господинот Либи сеуште не е осуден за никакво дело. Сенаторот Корнин додаде дека случајот не наведува на поширока вмешаност на Белата Куќа:

"Знаете, има многу шпекулација и обид ова да се искористи на штета на претседателот. Мислам дека некои ќе бидат разочарани со фактот што ова изгледа е акт ограничен на еден поединец“.

Забелешките на сенаторот Корнин беа речиси идентични со мислењето на републиканскиот сенатор Линдзи Грем, кој на програмата на CBS телевизијата „Соочете со нацијата“, нагласи дека обвинението се однесува само на господинот Либи. Во исто време сепак ја поттикна администрацијата да, како што рече, „направи некои подесувања на линија на прифаќање на одговорноста“ за несоодветната реакција по ураганот Катрина.

"Ова беше лоша недела. Номинираната за Врховен суд се повлече. Буш доби покренување на обвинение за шефот на кабинет на потпретседателот. Бројката на загинати Американци во Ирак достигна 2000. Но да бидам искрен со вас, ова политички не е непремостливо“.

Законодавците од обете страни на политичката делбена линија се согласуваат дека Белата Куќа е критичен крстопат. Демократскиот сенатор Чарлс Шумер кажа дека е песимист дека ќе има подобрувања.

"Тие,(Белата Куќа), се на вистинска пресвртна точка. Но, до сега не признаа дека погрешиле во ништо. Тоа не е добар знак или добар начин на однесување."

Сенаторот Шумер го поттикна претседателот Буш да научи лекција од поранешниот претседател Роналд Реган, за кого нашироко се верува дека го спасил своето претседателствување со јавно зборување за контра-иранскиот скандал.

XS
SM
MD
LG