Линкови за пристапност

Нова номинација за Врховниот суд


Федералниот судија Самуел Алито е новиот избор на претседателот Буш, за пополнување на слободното место во американскиот Врховен суд.

За време на говорот во Белата куќа, Буш го опиша Алито како човек со „огромен карактер“ кој покажал владеење со правото и кој има длабока приврзаност кон правдата.

Претходно за позицијата беше номинирана Хариет Маерс, но мината недела таа се повлече по притисокот од конзервативните приврзаници на Буш.

За разлика од Маерс, Алито има 15-годишна репутација на солиден конзервативен судија. Пред да ја замени судијката Сандра Деј О’ Конор, која планира да се пензионира, Самуел Алито мора да биде одобрен од Сенатот.

XS
SM
MD
LG