Американскиот претседател Џорџ Буш се заблагодари за пријателството и поддршката на македонија во војната проти тероризмот.
Вие сте цврст сојузник и американскиот народ е благодарен.
За американскиот претседател Македонија е земја-пример во регионот со имплементацијата на Охридскиот договор.
Му покажавте на светот дека е можно луѓе од различни потекла да живеат заедно во мир. Ви благодарам за лидерството.
Џорџ Буш честиташе и на реформите во правец на членство во НАТО и ЕУ.
Макеоднскиот премиер оцени дека земјата е – усшена приказна...
во смисла на градење стабилна мултилетничка демократија на Балканот.
А во име на луѓето од Македонија...
ја искажувам благодарноста за американското признавање на нашето уставно име, Република Македонија.
Владо Бучковски најави дека македонските војници ќе останат во Ирак и Авганистан додека е потребно и дека ќе продолжи да игра позитивна и конструктивна улога на Балканот, особено во контекст на преговорите за идниот статус на Косово.