Линкови за пристапност

Бучковски: За нас е прифатливо секое конечно решение за Косово, што ќе го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија


Македонија е подготвена да биде мал, но констуктивен играч во евентуалната голема игра околу финалниот статус на Косово. Веќе испративме позитивен сигнал од Скопје до Приштина и Белград по ова прашање, истакна македонскиот премиер Владо Бучковски, кој го повтори ставот на Македонија околу конечниот статус на Косово:

„Македонија ќе биде подготвена да го признае секое решение за конечниот статус на Косово, кое го почитува нашиот територијален интегритет и суверенитет. Ќе бидеме дел од меѓународната заедница кои ќе ги поддржуваат Белград и Приштина во 2006-та, да пронајдат компромис околу евентуалниот конечен статус на Косово.“

Бучковски во вашингтонската фондација Херитиџ имаше излагање на тема - Изградбата на нова демократска перспектива за Балканот. Тој рече дека Македонија денес е политички стабилна и безбедна земја затоа што ја комплетира имплементацијата на Охридскиот договор, кој може да послужи како модел за решавање на косовското прашање.

Сега, македонската влада е концентрирана на заживување на економскиот развој и привлекување странски инвестиции, оцени премиерот. На критика од претставник од американско-македонскиот совет, дека сите досегашни влади ја запоставуваат дијаспората во САД и не даваат поттик за инвестирање во татковината, Бучковски со одговор:

„Нашата дијаспора е во САД е мост меѓу Соединетите држави и Македонија. Имам специјална порака до нашата дијаспора: Ве молам, инвестирајте во Македонија, колку е можно поскоро„…

XS
SM
MD
LG