Линкови за пристапност

Ситуацијата во Либан е на врвот од агендата на Рајс во разговорите со француското раководство


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс беше во посета на Париз пред да замине Русија.

Госпоѓица Рајс оствари средба со францускиот претседател Жак Ширак и министерот за надворешни работи Филип Дусте –Блази. Франција и САД работат на изготвување на нова резолуција во ОН во која од Сирија ќе побараат повлекување од Либан.

Американскиот државен секретар заминува за Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин, каде фокусот ќе биде на иранската нуклеарна програма.

Русија му помага на Иран да изгради нуклеарна постројка. Техеран ги отфрли обвинувањата на САД дека тајно развива нуклеарно оружје. По ова прашање Рајс ќе разговара и за време на нејзината посета на Британија.

XS
SM
MD
LG