Линкови за пристапност

САД за новиот прилог на Нимиц – даваме поддршка, а не сме директно вклучени во процесот во ОН


Официјален Вашингтон без коментар на новиот предлог на посредникот на ОН Метју Нимиц во врска со името. „Ова е прашање со кое занимава официјалниот преставник на ОН, а ние го поддржуваме тој процес“, рече заменик-портпаролот на Стејт департментот Адам Ерели на редовниот брифинг.

Тој не сакаше да коментира дали САД разговорале со Метју Нимиц пред да го изнесе предлогот, или пак потоа, подвлекувајќи дека улогата на Вашингтон е чисто да дава поддршка на процесот во ОН, а не директна вклученост во него. На упорно новинарско инсистирање дали американската влада ќе ја подржи Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, со оглед на тоа дека Грција веќе најави дека ќе стави вето за македонскиот влез во овие институции, Ерели возврати дека се работи за сосема други прашања и дека не сака да шпекулира за тоа што ќе се случи во иднина. Тој немаше ниту информација дека во моментот САД одржуваат некакви консултации со Скопје и Атина околу името.

XS
SM
MD
LG