Линкови за пристапност

Претседателот Буш повторно во посета на регионот погоден од ураганите Катрина и Рита


Ова е осма посета на претседателот во регионот на Мексиканскиот залив и овојпат тој беше директно вклучен во напорите за обнова и тоа на градежниот простор, познат под името „место на надеж.“

„Се забележува промена во духот. Кога удри ураганот, беше неверојатен момент за многу луѓе. Сепак локалното население започнува да осознава дека постои надеж и шанса за обнова на животот и дека многумина се грижат за него.“

Едно соседство северно од Њу Орлеанс, Луизијана, кое по ураганот беше во урнатини, сега е повторно изградено, куќа по куќа. Националната хуманитарна организација „Дом за човештвото“, обезбеди средства за градежен материјал, а доброволци ја изведуваа работата.

Претседателот беше еден од работниците. Тој во регионот пристигна претходната вечер и се сретна со локалните власти на разговори за плановите за обнова и улогата на федералната влада.

Господинот Буш призна дека во раните фази на одговорот на владата на ураганот Катрина, биле направени грешки. Тој ги отфрли забелешките дека неговата најнова посета има единствена цел да го привлече вниманието на фоторепортерите. Претседателот истакна дека дошол на градежното место за да ги охрабри и инспирира другите да помогнат, а не дека посетата има политичка позадина.

„Една од работите што ги предложив е да ја држиме политиката надвор од Њу Орлеанс и Мисисипи, додека сите заедно работиме на повторна изградна на овие населби. Овде има доброволци од целата земја. Тие не рекоа дека се демократи и републиканци и ќе работат на обновата. Тие рекоа дека се Американци кои сакаат да го дадат својот придонес.“

Пред да се врати во Вашингтон, претседателот ја посети и соседната сојузна држава Мисисипи и во градот Пас Крисчан, едно од местата погодени од Катрина, посети основно училиште кое неделава повторно почна со настава.

Најмалку 16 училишта во Мисисипи беа комплетно уништени од ураганот.

XS
SM
MD
LG