Линкови за пристапност

Пентагон помага за настраданите од земјотресот во Пакистан


Пентагон соопшти дека Пакистан побарал тешка опрема за расчистување на урнатините од зградите, каде можно е се уште да има преживеани. Портпаролот Лоренс Ди Рита истакна дека агенцијата работи на идентификување на опремата и екипаж што би можеле да се стават на располагање и нив ќе ги испрати што е можно побрзо.

Освен тоа, Ди Рита истакна дека осум воени американски хеликоптери кои допатуваа во Пакистан кусо време по земјотресот ќе останат во регионот и со уште 20-тина други ќе помагаат во доставување помош до настраданите. Американската централна команда, која е одговорна за воената активност на САД во регионот, кажа дека операциите на хеликоптерите се ограничени поради лошите временски услови, но карго-летовите продолжуваат за Исламабад. Досега се пренесени околу 80 тони храна, вода и други итни намирници.

Ди Рита исто така оцени дека САД користат летала со и без екипаж, кои учествуваат во сателитско наведување на пакистански власти, со цел овие да ја увидат штетата од катастрофата.

Некои извештаи изразија сомневање дека големата американска операција во Пакистан, дури и за хуманитерни цели, може политички негативно да се одрази врз американскиот имиџ меѓу пакистанскиот народ. Но, Ди Рита кажа дека се надева, имајќи ја превид актуелната ситуација, дека Пакистанците ќе бидат среќни да добијат помош.

„Она што се обидуваат САД да направат е одговор на барањето на владата на Пакистан. Тесно соработуваме со пакистанската влада и тие ги водат хуманитарните напори. Народот ќе види дека многу земји, вклучувајќи ги и САД, напорно се трудат навремено да одговорат на хуманитарната криза.“

Поради чувствителноста на ситуацијата, Одделот за одбрана одлучил да не го вклучи воениот тим во Пакистан – Joint Task Force. Наместо тоа, Пентагон соопшти дека заднинскиот адмирал Мајкл Лифевер заминува за Исламабад како шеф на центарот за хуманитарна координација. Портпаролот на Пентагон истакна дека тоа е подобра начин да се покаже што ќе прават адмиралот и неговиот тим.

XS
SM
MD
LG