Линкови за пристапност

Ја одбрав најдобрата личност за функцијата – вели претседателот за својот избор за Врховниот суд


Претседателот Буш вели дека американските трупи ќе ја добијат војната во Ирак бидејќи тоа е дел од пошироката борба против тероризмот. За време на прес-конференцијата во Белата куќа, тој го бранеше и неговиот следен избор за поплнување на празното место во Врховниот суд.

Еден ден откако ја номинираше Хариет Маерс за судија во Врховниот суд, тој го бранеше својот избор од критиките дури и од редовите на неговата партија, кои го поставуваат прашањето за конзервативната агенда на госпоѓица Маерс која порано била демократ: „Ја одбрав најдобрата личност што можев да ја најдам. Луѓето ќе бидат воодушевени од нејзиниот цврст карактер и интелект. Но тонот ќе го постават оние кои ќе го водат сослушувањето, ќе држат говорите и ќе емитуваат телевизиските реклами. По сето ова, американскиот народ ќе знае она што јас го знам, дека оваа жена го заслужува ова место“.

Претседателот ја познава г-ца Маерс преку 10 години и вели дека е убеден оти таа нема да создава легислатива од клупата и стриктно ќе го применува Уставот и законите. Токму овој пристап е мошне битен за социјалните конзервативци кои веруваат дека американските судии премногу се мешаат во прашањата кои подобро е да се остават во надлежност на федералните и локалните власти.

Маерс никогаш не била судија и недостатокот на информации за нејзините ставови во однос на прашањата како абортусот и правота на приватност на Американците, предизвика загриженост и кај републиканците и кај демократите.

Претседателот Буш истакна дека тој не се сеќава дека некогаш разговарал по прашањето за абортус со г-ца Маерс, но ги повика критичарите да го следат нејзиниот распит по кој, според него, ќе бидат импресионирани, како што е и самиот тој.

Претседателот Буш говореше и за војната во Ирак, каде, како што кажа, американските трупи и натаму напредуваат во обуката на ирачките безбедносни сили за подобо да ја контролираат својата земја.

„Се повеќе Ирачани се подготвени да поведат борба против непријателот, а тоа е важно за да ја постигнеме нашата цел – стабилен, демократски Ирак, сојузник во борбата против тероризмот“, вели претседателот.

Претседателот Буш уште додаде дека Америка мора да победи во Ирак и ќе го стори тоа, бидејќи тамошниот успех е битен за идната безбедност на САД.

XS
SM
MD
LG