Верските обреди за светиот муслимански месец Рамазан започнаа во неколку блиско-источни држави.
Месецот на духовно преиспитување започна вчера во Саудиска Арабија, родното место на исламот и во неколку други држави. Оман и Иран започнаа со прославата денеска.
Во соопштение, од Белата Куќа се изразени топли честитки до Муслиманите во САД и во светот. Во соопштението се вели дека САД се благословени со придонесот на луѓето од многу вери, вклучувајќи ги и Муслиманите.
За време на Рамазан, Муслиманите се воздржуваат од јадење, пиење, пушење и сексуални односи од изгрејсонце до зајдизонце. Постот се прекинува со заоѓањето на сонцето со гозба наречена „ифтар“.