Линкови за пристапност

Рускиот Сојуз стаса на Меѓународната вселенска станица


Руското вселенско летало Сојуз стаса на Меѓународната вселенска станица, два дена по лансирањето од космодромот Бајконур во Казахстан.

Со Сојуз за вселенета патуваше и милионерот од Њу Џерси Грегори Олсен, заедно со еден Американец и Русин. Бил Гасперини има повеќе од Москва.

Сојуз мирно се прикачи на вселенската станица според предвиденото – два дена откако беше лансиран од Казахстан.

Американскиот астронаут Бил МекАртур и рускиот колега Валери Токарев следните шест месеци ќе ги минат на станицата и ќе го заменат постојниот дво-член екипаж.

Третиот член на екипажот е Грегори Олсен, научник и електро-инженер, кој раководи со фирма во Принстон, Њу Џерси, која се занимава со изработка на електронски сензори за воена и цивилна употреба.

Некои го нарекуваат трет турист во вселената по Американецот Денис Тито во 2001-ва и јужноафриканецот Марк Шатлворт во 2002-ра.

Олсен вели дека тоа не е веродостојно, зашто е научник и имал намера да тестира опрема од неговата фирма за време на 8-дневниот престој во вселенската станица:

„Со мене понесов спектрометар. Ќе го искористиме за мерење на влажноста на Земјата и во облаците ќе извршиме мерења за спектарот на светлината или боите кои се рефлетираат од Земјата.“

Олсен плати 20 милиони долари за патувањето во вселената, но вели дека во иднина, патувањето во вселената ќе стане рутина како што денеска е авионот.

Тој треба да се врати со уште двајцата астронаути, Американецот Џон Филипс и Русинот Сергеј Крикалиов, на Земјата на 11-ти октомври, кои ги минаа последните шест месеци во вселенската станица.

Од 2003-та, рускиот вселенски летала Сојуз и Прогрес се единствена врска со вселенската станица, откако НАСА ги стопираше сите летови по трагедијата на шатлот Колумбија, при што загинаа седум астронаути.

Спејс-шатлот Дискавери ја посети меѓународната вселенска станица во јули, но поради проблеми со изолационата пена на резервоарот со гориво, НАСА повторно ги стопираше идните летови.

XS
SM
MD
LG