Линкови за пристапност

Хариет Маерс – номинирана за судија во Врховниот суд на САД


Претседателот Буш номинираше еден од своите најблиски советници, Хариет Маерс за пополнување на второто од двете испразнети места во американскиот Врховен суд кои се отворија оваа година.

Номинираната за судија во Врховниот суд на САД Хариет Маерс била негов личен адвокат додека тој бил гувернер на Тексас.

Таа дошла со него во Белата Куќа како секретар на кабинетот и во 2004 година претседателот ја назначил за Советник на Белата Куќа.

Клучни соработници во Белата Куќа ја опишале 60-годишната правничка како тивка, високо почитувана и многу лојална на агендата на претседателот. Таа не е мажена и нема деца и се смета за човек кој останува долго на работа и не бара да биде, како што се вели, под светлина на рефлекторите.

За време на говорот во 1996, господинот Буш ја нагласи нејзината упорност опишувајќи ја како "пит бул во чевли број 6."

Госпоѓица Маерс неколку пати во кариерата била прва – прва жена претседател на нејзината голема адвокатска фирма во Тексас и прва жена претседател на тексашката адвокатска асоцијација.

Родена е и порасната во Далас, Тексас, студирала математика, а подоцна се здобила со диплома по право во Јужниот Методистички Универзитет.

XS
SM
MD
LG