Линкови за пристапност

Македонските војници остануваат во Ирак


По разочарувањето во медиумските коментари и по критиките на опозицијата за одложувањето на евентуалниот прием на Македонија во НАТО до 2008-та, македонските војници, сепак, остануваат дел од мировните мисии во Ирак и во Авганистан.

И покрај отворените прашања за целисходноста на понатамошното присуство на македонските војници во мисиите, во македонските печатени медиуми вчера беше цититран неименуван извор од Владата кој смета дека поради пролонгирањето на рокот за прием „не треба да се создава анти-НАТО и антиевропско расположение“ и дека е „депласирано да се поврзе учеството на Македонија во антитерористичката коалиција во Ирак и Авганистан, со проширувањето на НАТО“.

Портпаролот на Министерството за одбрана Билјана Аврамовска, пак, вчера беше децидна – дека „ниту Министерството, ниту Владата не планираат повлекување на македонските единици од Ирак и Авганистан, односно, повлекувањето на единиците ќе следи по успешно завршената мисија на антитерористичката коалиција и со заедничка усогласеност на земјите-членки на коалицијата“.

Дел од македонските експерти, како на пример, професорот Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана, сметаат дека за учеството во мировните мисии, Македонија треба да побара одредени привилегии од НАТО. Инаку, учеството во мировните мисии од НАТО официјално не беше поставувано како услов за членство, туку само беше посочувано како позитивен придонес во антитерористичката коалиција, а Алијансата - неподготвеноста на Макеоднија за зачленување досега ја фокусираше врз финкционирањето на судството, корупцијата и недоволниот економски развој.

XS
SM
MD
LG