Линкови за пристапност

Солана:  ЕУ ќе продолжи да го следи „случајот Вранишковски“


Слободата на изразувањето и религиозните слободи се принципи кои и́ лежат на срце на ЕУ и тоа е централен аспект на оценката за барањето за членство на Македонија.

Ова е суштината на одговорот што шефот на европската дипломатија Хавиер Солана му го упати на претседателот на Бискупската конференција на Европските заедници, бискупот Јозеф Хомејер во врска со „случајот Вранишковски“. Бискупот Хомејер му испрати писмо на Хавиер Солана во кое се вели дека одредбите според кои Вранишковски е осуден не се совпаѓаат со Европската конвенција за човекови права. Хомејер барал итно ослободување на Вранишковски.

Во својот одговор, Солана го информира бискупот дека за случајот Вранишковски е веќе разговарано во Македонија и додава дека ЕУ ќе продолжи да го следи проблемот.

Информиран сум исто така - вели Солана - дека случајот се разгледува и во Врховниот суд на земјата.

Во канцеларијата на Хавиер Солана во текот на август пристигнале неколку писма со слична содржина од повеќе верски организации во кои се бара од ЕУ да влијае врз Македонија во случајот Вранишковски. Бискупот Хомејер писма упатил и до комесарот за проширување Оли Рен и британскиот претседавач со ЕУ, премиерот Тони Блер.

XS
SM
MD
LG