Линкови за пристапност

ЕК: Земјите од Западниот Балкан и во наредните пет години ќе можат да извезуваат во ЕУ без плаќање на царини


Земјите од Западниот Балкан и во наредните пет години ќе можат во ЕУ да извезуваат без плаќање на царини, предложи денес Европската комисија. “Овие трговски погодности во изминатите пет години беа клучен инструмент за јакнење на економиите на Западниот Балкан преку привилегиран пристап до пазарот на ЕУ, со што се зацврсти и политичката стабилност во целиот регион“, се вели во предлогот на ЕК.

Трговските преференцијали беа воведени во 2000 година за период од пет години за сите пет земји од Балканот, вклучително и Косово, и предвидуваат бесцарински увоз на речиси сите производи. Во погодностите не се вклучени виното, рибите, шеќерот и телешкото месо за кои постојат квоти, а исклучок е и текстилот од Црна Гора и Косово. Благодарение на овие привилегии извозот од Западниот Балкан во Европа се зголемил за 8 проценти, тврди ЕК, која смета дека економската транзиција и реформскиот процес на Балканот не се комплетирани, па очекува продолжувањето на трговските погодности да придонесе за воспоставување на подобри економски услови за јакнење на реформите. Предлогот на Комисијата треба да стапи во сила наесен, односно најдоцна до 31-ви декември 2005 година.

XS
SM
MD
LG