Балканските земји и Украина не би требало да влезат во НАТО пред 2008-та година затоа што се́ уште не се подготвени за прием. Ова вчера попладне во Брисел на своите сојузници во НАТО им го рече американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Курт Вокер. Тој оценил дека земјите заинтересирани за членство се́ уште не се подготвени за прием и дека не е време за проширување на Алијансата, ниту оваа, ниту наредната 2006-та година, пренесува агенцијата Асошиетед Прес. Курт Вокер смета дека балканските земји ќе можат да и́ се прикличат на Алијансата во 2008-ма и дека за тоа се потребни понатамошни подоготовки и реформи. Во однос на Украина, Курт Вокер рекол дека оваа земја би можела да влезе во групата со балканските земји за наредното проширување. Вашингтон им предлага на своите сојузници самитот за проширување да се одржи во 2008-ма, а истиот состанок на врвот би требало да биде искористен за зајакнување на врските со поединечни земји на поранешниот Советски Сојуз, Северна Африка и Блискиот Исток.