Линкови за пристапност

ММФ:  Реформите да се насочат на економски развој и нови работни места


Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон одобри нов аранжман за Македонија, наменет за поддршка на реформите. Јерон Кремерс, извршен директор на ММФ за Македонија, за Гласот на Америка на македонски, ги потврди очекувањата: „Одборот одобри нов 3-годишен стенд-бај аранжман со Македонија. Меѓу членовите на бордот имаше силна поддршка. Програмата што ја предложија македонските власти е убедлива и не ме изненадува“.

Тој вели дека во изминатиот период, Македонија има изградено добра репутација за нејзината макроекономска стабилност, не само во круговите на ММФ, но затоа посочи на веќе познатите проблеми со кои се соочува земјата:

„Нема доволен економски развој, како и работни места за населението. На тоа треба да се насочат структуралните реформи“, рече Кремерс.

Тој ја пофали македонската влада дека веќе започнала со спроведување на некои важни реформи, како усвојувањео на нов закон за работни односи. Во врска со макроекономската стабилност на Македонија, Кремерс вели не гледа некоиј голем ризик: „Важно е да се контролира фискалниот дефицит, како и да се одржува ниска инфлација и стабилност на денарот.“

Парите од меѓународната финансиска институција треба да бидат искористени за тековни реформи на пазарот на трудот, во здравството, судските реформи и подобрување на деловната клима.

XS
SM
MD
LG