Линкови за пристапност

Американскиот претседател во посета на подрачјата погодени од Катрина


Џорџ Буш ќе ги посети трите најсилно погодени сојузни држави – Мисисипи, Алабама и Луизијана.

Белата Куќа најави дека претседателот ќе изврши увид на штетата од авион, а ќе посети и неколку поплавени места, меѓу кои и Њу Орлеанс.

„Денешната посета е уште еден начин претседателот да ја покаже поддршката за погодените, сочувството за жртвите, но и благодарноста до оние кои помагаат во спасувачките напори“, рече портпаролот Скот Меклилан.

Претседателот става акцент на собирањето средства за погодените од ураганот Катрина. Тој побара од поранешните американски претседатели, неговиот татко Џорџ Буш, како и од Бил Клинтон, да предводат со акција на национално ниво за основање приватни фондови за помош на настраданите.

Претседателот бара да се направи и проценка на економското влијание од ураганот и да се подготви предлог-документ што Конгресот би го усвоил како дополнение на буџетот за вонредната состојба.

XS
SM
MD
LG