Линкови за пристапност

Објавена вонредна состојба за подрачјето погодено од ураганот Катрина


Секретарот Левит предупреди дека ситуацијата во однос на хигиената и здравствените услови се влошува во погоденото подрачје и кажа дека официјалните лица се особено загрижени за ширење на колера, тифус и други болести, а жителите се повикани да не пијат од непротечна вода. Во Њу Орлеанс, спасувачките екипи продолжуваат да извлекуваат луѓе од високите згради и покриви додека инженерите се обидуваат да ги поправат двата главни насипи оштетени од бурата. Сведоци јавуваат за тела на мртви кои пливаат во водата која поплави речиси 80 проценти од градот што лежи под нивото на морето.

Во посувите региони, полицијата со слаб успех се обидува да го спречи широкораспространетото ограбување. Градоначалникот на Њу Орлеанс вели дека може да се потребни месеци пред евакуираните жители да можат да се вратат дома.

Во соседната држава Мисисипи, гувернерот вели дека Катрина однела 90 проценти од зградите во близина на брегот во градовите Галфпорт и Билокси. Властите велат дека неофицијална цифра на загинатите во областа е 110 и предупредуваат дека може да биде многу поголема.

Секретарот за домашна безбедност Мајкл Чертоф вели дека американските претставници ќе работат неуморно да помогнат на жртвите од ураганот од понеделникот. Владата вели дека испраќа медицински екипи и камиони полни со основни продукти како мраз и електрични генератори во напор да ја олеснат ситуацијата.

Пентагон подготвува голема операција да помогне во спасувачките напори и да обезбеди медицинска грижа. Пентагон игра подржувачка улога на ФЕМА, федерална Агенција за менаџмент на вонредни состојби.

XS
SM
MD
LG