Линкови за пристапност

Катрина остави пустош, траат спасувачките напори


Властите во сојузната држава Луизијана работат на евакуација на преостанатото население во Њу Орлеанс поради последиците од ураганот Катрина што причини кататсрофална штета на југот на САД и предизвика човечки жртви чиј број и натаму точно не се знае, но расте онака како што спасувачките екипи навлегуваат во сите погодени подрачја и ги испраќаат првичните извештаи.

Гувернерот на Луизијана Катлин Бланко вели дека разрушувањето е толку големо што некои делови на Њу Орлеанс, на пример, ќе треба одново да бидат изградени од темел. 80 проценти од градот е под вода, а комуникациските системи се во прекин.

ТВ-станиците од Луизијана јавуваат дека во делови на Њу Орлеанс е воведена вонредна состоја поради појави на грабеж на имот.

Властите во сојузната држава Мисисипи стравуваат дека невремето што предизвикало бранови високи 9 метри однело стотици животи во крајбрежниот град Билокси.

Крајбрежната стража соопшти дека спасила преку 1.000 лица од крововите на поплавени куќи. Илјадници припадници на Националната гарда даваат медицинска помош и пружаат засолниште на погодените од невремето.

XS
SM
MD
LG