Линкови за пристапност

Граничната полиција комплетно одговорна за безбедноста на државните граници


На свеченост во Охрид, денеска беше одбележано преземањето на контролата врз 237 километарската граница кон Албанија, со што заврши демилитаризирањето на државните граници.

„Македонија беше една од последните европски држави со милитаризирани граници“, рече министерот за одбрана Јован Манасиевски.

„На овој начин со премин на чувањето на границата на полицијата комплетно се имплеметрираат европските правила и процедури во чувањето на границата.

Се разбира самата стратегија на интегрирано гранично управување е подолг процес и ќе треба дополнително да се инвестира особено во опрема на единиците.“

Овие реформи ќе придонесат и за развој на стопанството, рече министерот за внатреши работи Љубомир Михајловски, преку подобар проток на луѓе и стоки, но пред се ќе влијае на намалување на криминалот.

„Главната цел на овој вид на обезбедување на границите со полициски сили за борба против криминалот и илегалното минување на границите шверцот, на стоки, на дрога, на оружје и на сите области на криминалот и воедно на тероризмот.“

На први мај минатата година, граничната полиција ја презеде својата прва обрвска-обезбедување на јужната граница кон Грција. Шест месеци подоцна во нејзина надлежност премина и конторлата на границата кон Бугарија, а во мај годинава и кон Србија и Црна Гора.

XS
SM
MD
LG