Линкови за пристапност

Одејќи на север ураганот Катрина слабее во јачина но зад себе остави значителна материјална штета во неколку американски сојузни држави


Националниот метеролошки центар соопшти дека ураганот во моментов спаѓа под категорија број два, но и натаму предизвикува ветришта со јачина од 170 километри на час.

Властите започнуваат да ја проценуваат штетата во неколку американски сојузни држави. Според Метеролошкиот центар, Катрина причинила значителна штета во Њу Орлеанс, Луизијана, како и во Мисисипи. Од поројните дождови, поплавени се делови на Њу Орлеанс, но и во Билокси во Мисисипи.

Стотици илјади жители се без електрична енергија.

Ова е втор пат како ураганот го погаѓа американското копно. Минатата недела ја погоди Флорида, при што животот го загубија најмалку седум лица.

XS
SM
MD
LG