Линкови за пристапност

Авганистан – убиени над стотина милитанти


Лице кое наводно е портпарол на талебанските борци во Авганистан вели дека тие нема да ги напаѓаат избирачките места за време на изборите во Авганистан наредниот месец. Но, Абдул Латиф Хакими најави дека ќе продолжи нивната борба против владините и американските сили.

Американската армија денес соопшти дека американските војници, во соработка со авганистанските владини сили, убиле над 100-тина милитанти во последните три недели, во рамки на операциите за зајакнување на безбедноста за изборите на 18-ти септември.

XS
SM
MD
LG