Линкови за пристапност

Заврши евакуацијата на еврејски доселеници од Појасот Газа


Последните од вкупно 8.500-тини доселеници денес го напуштија Појасот Газа. 500-тини жители на населбата Нетзарим со автобуси се упатија за Ерусалим, а оттаму кон населбите во северниот дел на Западниот Брег.

Израел треба да започне со растурање на своите армиски бази во Газа наредната недела.

Палестинскиот лидер Махмуд Абаз рече дека повлекувањето од Газа е почеток на целосното израелско повлекување од палестинските територии.

Илјадници израелски војници зазедоа позиции пред две еврејски населби на Западниот Брег – наредните што треба да се евакуираат. Се верува дека во населбите Санур и Хомеш се забарикадирани околу 2 илјади ултра-националисти.

XS
SM
MD
LG