Линкови за пристапност

Буш – Ирак


Претседателот Буш денес одржа говор пред група воени ветерани во Солт Лејк Сити, сојузната држава Јута, со цел да ја зајакне поддршката за војната во Ирак.

Неговата турнеја ширум САД оваа недела, за време на која ќе одржи два говора, доаѓа во време кога испитувањата на јавно мислење покажуваат дека опаѓа поддршката за војната. Претседателот го прекина одморот на својот ранч во Тексас и замина директно за Јута.

Во близина на местото на говорот е закажан антивоен собир. Градоначалникот на Солт Лејк Сити Роки Андерсон, кој е член на Демократската партија, преку електронска порака повика на „најголеми демонстрации што оваа сојузна држава воопшто ги видела“ во знак на протест против политиката на претседателот Буш.

XS
SM
MD
LG