Линкови за пристапност

Ирак – устав


Лидерите на ирачките шиити велат дека тие и курдските лидери постигнале договор за новиот ирачки устав, чиј нацрт денес ќе го достават на гласање во парламентот.

Лидерите на овие две групи, заедно со лидерите на сунитите, преговараа околу новиот устав се́ до истекот на крајниот и веќе еднаш продолжен рок за поднесување на нацрт-документот во парламентот, што истекува на полноќ по локално време во Багдад.

Лидерите на сунитите велат дека имаат забелешки на нацртот но најверојатно нема да имаат доволно гласови во парламентот за да го блокираат усвојувањето. Доколку парламентот го усвои уставот, тие имаат намера да ги повикаат сите Ирачани да гласаат против него на референдумот што се планира по гласањето во парламентот.

Трите страни со недели преговараа за да ги надминат разликите во врска со улогата на исламот во државата, правата на жените, поделбата на власта и распределбата на добивката од нафтениот приход.
XS
SM
MD
LG