Линкови за пристапност

Питер Џенингс почина од рак на белите дробови на 67-годишна возраст во својот дом во Њујорк


Еден од најпознатите телевизиски водители во САД, Питер Џенингс од Еј-Би-Си, почина од рак на белите дробови на 67-годишна возраст во својот дом во Њујорк. Тој последен пат се појави на вестите на Еј-Би-Си во април, кога обелодени дека има рак, но продолжи да работи за ТВ-мрежата зад камерите. Питер Џенингс има известувано практично за секој поголем меѓународен настан во последниве 40 години, и на американската јавност и́ стана познат по доброто познавање на комплексните меѓународни прашања. По потекло Канаѓанец, Џенингс ја започна кариерата во радио-станица во Отава, но подоцна премина на телевизија. Тој стана американски државјанин пред две години.

XS
SM
MD
LG